Вработените во АД „Славија“ Скопје стравуваат за своите работни места и се против одлуката на Владата некогашниот гигант да го стави на аукциска продажба по почетна цена од 218 илјади евра.
Тие бараат случајот да го испита Државната комисија за спречување корупција, Народниот правобранител и вицепремиерот за борба против корупција.
Преку писмо до медиумите истакнаа дека за продажбата дознале случајно од медиумите и во ниту еден момент не биле директно известени.
„Продажбата на акции во државна сопственост по номинална вредност без притоа да се направи проценка за нас е скандалозен чин особено во денешно време кога секојдневно се нагласува потребата од транспарентност и борба против корупција како еден од најважните услови за реализирање на патот кон ЕУ.
Претставува сериозен чин за кој веднаш и сериозно треба да се вклучат институциите како Заменик претседател на Владата за борба против корупција, ДКСК, Јавно правобранителство“, велат тие.
/266676792_424346376054111_428478894139370450_n" rel="attachment wp-att-154034">