Додека Нефи Усеини како советник во Охрид стана задолжен за заштита на животната средина, Обвинителството ја отфрли кривичната пријава против неговата фирма „Нефи ИК“ која се гонеше за фрлање шут во Охридско Езеро. Во овој случај, иако полицијата ја гонеше и фирмата, Обвинителството одлучи пред законот да одговараат само сопственикот на земјиштето и двајца вработени кај Усеини. Ваквата одлука на обвинителот доаѓа иако шутот е истурен со механизација која и припаѓа на фирмата „Нефи ИК“. Сепак, сега Обвинителството тврди дека нема основано сомнение дека фирмата го сторила делото. Одлуката за гонење на работниците и сопственикот на земјиштето е донесено на крајот од јануари.
„Поднесен е обвинителен предлог против три физички лица за кривичните дела – узурпација на недвижности како и загрозување на животната средина и природата со отпад. За пријавеното правно лице кривичната пријава е отфрлена, бидејќи нема основано сомнение дека пријавеното правно лице го сторило наведеното кривично дело“, велат од Обвинителството за „А1он“.
Целиот текст можете да го прочитате тука