Промени тема
Контакт

Вратен YouTube каналот на Бака Прасе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин

Контроверзниот Српски јутјубер Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, по нешто повеќе од еден месец повторно го активира својот канал на таа платформа.

— реклама —

Каналот на Илиќ на Јутјуб беше избришан на крајот на септември, како што беше тогаш објаснето, поради неовластено користење на содржината на ТВ Пинк.

— реклама —

“Збогум Бака Прасе YouTube канал. Добив три страјкови. Каналот ми беше затворен. Добив страјкови на клиповите каде што гостував на Пинк пред 4,5 години. Не може да биде помизерен потег од тоа”, напиша тој во тоа време на Инстаграм, каде што го следат повеќе од милион луѓе.

Да потсетиме, Бака Прасе беше во конфликт со Жељко Митровиќ пред да се исклучи каналот. Богдан го обвини дека му должи пари бидејќи по една средба му ја украл идејата за инфлуенсер на телевизија.

— реклама —

Митровиќ потоа го поврза Бака Прасе со луѓе како Вељко Беливук, попознат како Веља Невоља, еден од водачите на криминалниот клан кој беше обвинет за серија убиства, трговија со дрога и оружје, киднапирање и силување. Го обвини и за намерно пренесување на мононуклеоза на девојче.

Во нивната расправија беа упатени различни обвинувања. Бака Прасе рече дека Митровиќ најверно му служи на режимот на Александар Вучиќ и дека му должи пари на Беливук за дрога, а објави и наводни заканувачки пораки до Александар, синот на Жељко, за кого рече дека е близок со Веља Невоља.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya1kih726cuhi6HDALmC

Дали навистина раскинаа Бака Прасе и Милена? Тој сам на свадба, таа во теретана

Сцена | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryh3cbfq2elm05dkmjb0r

Обвинение против 22-годишник за палење на авотмобилот на Бака Прасе - му барал 40.000 евра месечно

Вирално | пред 4 месеци

bakaprase-2-620x350-1

Поднесена кривична пријава против Бака Прасе

Трендови | пред 7 месеци

media-libraryh3cbfq2elm05dkmjb0r

Притвор за лицето кое е осомничено за палење на автомобилот на Бака Прасe

Трендови | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања