Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Вреди: Кога НАИ држи прес, губи илјада гласови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarypsld2vhk9fro6hSLoKY

оалицијата ВЛЕН реагира на изјавите на претставници на коалицијата НАИ, предводена од ДУИ, оценувајќи дека нивните обиди да ги претстават резултатите од првиот круг од локалните избори како мандати за пратеници се доказ дека, НАИ не само што изгубила гласови, туку и контакт со реалноста.

— реклама —

„Ова беа локални избори. И токму тука Албанците проговорија појасно од кога било, тие избраа промени, тие избраа ВЛЕН. Во повеќе од десет општини, Албанците ја дадоа својата доверба во нова енергија и во луѓе кои работат, а не во оние кои се кријат зад лажен патриотизам кога немаат што да му понудат на народот“, стои во реакцијата на ВЛЕН.

Од таму додаваат дека, според нив, резултатите покажуваат дека ВЛЕН ја покрива целата политичка карта на Албанците и дека тоа е единствената карта што се брои, онаа на слободната волја на граѓаните.

— реклама —

Во соопштението се посочува и дека изјавите на Арбер Адеми, Блерант Рамадани, Кренар Лога и други претставници на НАИ, кои смислуваат имагинарни графикони за идни пратеници се доказ за паниката што ја зафатила нивната коалиција.

„Тие сè уште не ја разбрале пораката на народот дека е време за реформи, а не за измислување бајки за да ги држат будни своите поддржувачи“, се додава во соопштението.

ВЛЕН им посакува почести јавни настапи на функционерите на НАИ, со став дека секој пат кога ќе проговорат, НАИ губи по илјада гласови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarynb0ahvld7i3t4DeLCVW

Фотографијата од Тирана отвори нови тензии во ВЛЕН: Лимани објаснува, Касами најавува преиспитување

Македонија | пред 2 дена

media-library41br1gou1qek5Gy9cIO

ВЛЕН бара објаснување од министерот Лимани за фотографијата со Али Ахмети и Арбен Таравари

Македонија | пред 3 дена

grubi-41

Вреди: Кој во ДУИ бара од Груби да го почитува мафијашкиот код “омертаʼ” за молчење и несоработка со институциите

Македонија | пред 2 седмици

media-librarycok8bf9cdfd90dueSOW

ВЛЕН: Стариот лисец Ахмети од вчера стана ранет играч кој чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања