„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Вредниот резбан мебел од матичното во Скопје оставен да скапува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
Maticno

Вреден мебел изработен пред 70 години од врвниот резбар Нестор Алексиев-Мирчевски, копаничар сo меѓународна слава и последен од големата тајфа на вакви уметници во Македонија, е оставен да скапува во поранешното Матично во Скопје, кое веќе пет години е затворено за склучување брак. Почетокот на градежните работи за реконструкција на објектот кој со години беше затворен, го покажа вредниот мебел кој сосем незаштитен е оставен да скапува во бараката во дворот на Општина Центар. Станува збор за столиците и масата на која младенците седеа при склучување на бракот и витрината во која се чуваа потребните документи, објави СДК.МК.

— реклама —

Овој сккап мебел е изработени од дрво од орев и со специфична резбра, парчињата изгледаат уникатно и токму тоа наведува дека се изработени од Алексиев-Мирчевски, кој ваков кабинет направил и за вилата на Бриони на југословенскиот претседател Јосип Броз Тито.

Инаку пред неколку дена на прес – конференција, градоначалниците на Центар и Град Скопје, Саша Богдановиќ и Петре Шилегов, како и претставници од Сојузот на извидници на РСМ го најавија почетокот на градежните активности за реконструкција на објектот на поранешната Управа за водење матични книги [Матично], кое се наоѓа во склоп на општинските бараки.

— реклама —

Во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети”, организиран од страна на Општина Центар, а со поддршка од страна на Програмата за развој на обединетите нации – UNDP како спроведувач и Швајцарската агенција за развој и соработка – SDC како донатор, одобрен е финансиски грант во износ од 50.000 швајцарски франци за реализација на три проекти кои се избрани од страна на граѓаните на одржаните форумски сесии мината 2019 година.

Младинскиот центар е еден од предлог проектите кои влегоа во финалната селекција, заедно со проектите „Отворени сцени“ и „Зајакнување на капацитетите на градинките за социјална инклузија – сензорни соби“, кои се во фаза на подготовка.

Со реконструкција на поранешниот објект „Матично“, Општина Центар ќе го отстапи просторот за реализација на програмските активности на Младинскиот центар, кој покрај основната цел ќе претставува и мултимедијален центар подобен и за други содржи во интерес на младите. Општината ќе кофинансира со 83 проценти од вкупниот износ за целосна реализација на проектот и отворање нов Младински Центар во градот.

ФОТО: СДК.МК

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања