Промени тема
Контакт

Време е да се намали бројот на пратеници и да се воведе една изборна единица, вели Силјановска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
siljanovska-4

„Ако има Словенија функционален систем, можеме да имаме и ние. Инаку, да во партијата сме разговарале, ми го соопшти ова претседатело. Ние во науката велиме дека обично бројот на пратениците треба да биде кубен корен од бројот на гласачите. Ние имаме голем Парламент. Секоја реформа треба да почнува од себе. Значи штедењето треба да почне од нас. Така што мислам дека сосема во ред е да се намали бројот на пратениците“, истакна проф. д-р. Гордана Силјановска Давкова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија во централниот дневник на Сител телевизија.

Силјановска Давкова додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи и една изборна единица.

„Обично една изборна единица проверив бидејќи неколку пати сум рекла дека има две и ги споменувам Србија и Холандија, ама по проверката видов дека има една изборна единица и плус отворени листи има и Словачка. А, една изборна единица има и Црна Гора. Значи четири држави и тоа мали држави. Кај едната изборна единица идејата е да дојде до изграз националниот интерес. Ние имаме проблем со националниот интерес кога го градиме и во поглед на регионалните разлики ама и во поглед на етничките разлики. Но, кај пропоционалниот систем со една изборна единица ќе биде најголема пропоционалноста“, рече Силјановска Давкова.

— реклама —

Во текот на своето гостување проф. д-р. Силјановска Давкова се осврна и на македонското малцинство во Бугарија при што посочи тоа малцинство Бугарија не може да го сокрие, тоа малцинство е реалност.

— реклама —

„Многу е непријатно да пратеник на граѓаните да дознае од медиуми дека испратила Бугарија нота, па ние сме одговориле итн. Гледајте што прави Петков, не оди никаде без претходно да разговара. Во Парламентот може и да се разговара и со затворени врати. Во Парламентот има луѓе со безбедносни сертификати. Но кај нас основното начело на поделбата на власта не се почитува. На нас министерот ни вели па дојдете кај мене да ги видите документите. Има ли такво нешто на планетава? Зар пратеник да оди кај министер? Обратно треба да е, министрите доаѓаат во Парламентот за да ги запознаат пратениците и разговараат со нив во рамите на документот што се вика Резолуција. И така се креираат стратегија, излезни решенија, алтернативни решенија“, појасни Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова рече дека политиката не е музика.

— реклама —

„Малцинството е реалност. Малцинството во Бугарија постои. Малцинството покренало низа постапки пред судот во Стразбур“, нагласи Силјановска Давкова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања