„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Вртикапа: На Данела, не ѝ чинеше Мицкоски - па сега и е посакуван соговорник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
c37b07c0-f540-4074-b8dc-97e013c28f16

Со гласовите на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, седна во престижната градоначалничка фотелја во Скопје. Од голема љубов и фалби, многу бргу пукна тиквата. Иницијална каписла беше проектот за изградба на пречистителната станица, тежок 160 милиони евра. Проектот не виде бел ден, но на површина изби нервозата и обвинувањата.

— реклама —

Данела Арсовска од говорницата обвинуваше дека ги фатила „неговите директорчиња со рачињата во мед“, го повикуваше Мицкоски да не се крие, го нарекуваше шпицен градоначалник кој нема да излезе од тендер матрицата.

Невидено до сега „успеа” во само во едно нешто и тоа многу, смени сѐ што можеше и не можеше од четириесетина директори до општински секретари.

— реклама —

Арсовска ветуваше дека ќе се реализира целата програма „За модерно Скопје“ и истовремено жестоко се караше со нејзините соработници. Сметаше дека не ѝ треба ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Мицкоски... Но!

Сега, кога се испокара и со последните соработници, меѓу кои беше Драган Митковски-Книга, реши да бара спас кај истиот Мицкоски кој го прогласи за нејзин главен непријател.

Данела го повикува Христијан Мицкоски, замислете, на средба. Преку статус на социјалните мрежи, Арсовска вели раководството на Град Скопје е подготвено уште утре да седне на заедничка маса со премиерот.

„Го повикуваме премиерот Мицкоски да го одреди датумот, местото, темите за разговор и форматот на состанокот. Теми кои градот Скопје ќе ги предложи, а за кои сметаме дека треба да се изнајде решение е надминување на активната блокада во Советот од страна на советниците од владејачкото мнозинство, блокадата на претпријатијата од страна на Управните одбори и изгласувањето на програмите за работа на Јавните претпријатија. Воедно очекуваме и потврда за предлогот за формирање на заедничко работно тело помеѓу Владата и градот Скопје. Се надеваме на искрен и партнерски пристап од страна на Владата, во корист на граѓаните на градот Скопје“, пишува Арсовска.

На овој лупинг и вртење, Мицковски одговори дека е подготвен за секое решение за проблемите во главниот град, но доколку нема прогрес, рече, „тогаш ќе мора да одиме радикално и инвазивно“.

Прашан за коментар во врска со вчерашниот предлог од Град Скопје кој понуди да учествува и формира посебно работно и координативно тело со Владата за решавање на проблемите во Скопје, Мицкоски одговори дека прифаќа сѐ што е во интерес на скопјани. Затоа што, како што рече, „градот мора да функционира нормално“.

Колку ова ќе се реализира и колку понудата на Арсовска е искрена скопјани ќе видат скоро. А заслужуваат да живеат во чист, уреден и изграден град.

Веќе е познато дека Данела Арсовска смени 40-на директори. Ова го отвора прашањето дали воопшто градоначалничката може да се договори со било кого, или дали може некој да се договори со неа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања