Промени тема
Контакт

Врв на деструкција, ВМРО-ДПМНЕ блокира Закон за поголеми плати за наставниците, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
IMG_4387

ВМРО-ДПМНЕ го достигна врвот на деструкција со блокирањето на законот за поголеми плати на 27.000 наставници кој очигледно не го прочитале, вели СДСМ

„Ако се грижеа за наставниците, ВМРО-ДПМНЕ ќе знаеја дека со членот 21 од предлогот со измена на членот 66 од стариот Закон и додавање на нови членови, комплетно се дефинира платата која се состои од основна компонента и исклучителна компонента изразени преку бодови.

Согласно членот 66-г, на наставникот кој реализира настава според наставен план и програма, му се исплаќа плата во висина на плата за 40 часовно работно време во неделата, доколку има неделен фонд од најмалку 10 наставни часа.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ не сака да се соочи со фактот дека со растот на минималната плата ќе расте и платата на наставниците и стручните соработници во основно и средно образование.

— реклама —

Во член 66-ж од Законот наведено е дека министерството и репрезентативниот синдикат склучуваат спогодба со којашто се утврдува износот на вредноста на бодот за пресметување на платите, во рамки на предвидениот буџет и врз основа на вкупните даватели на јавни услуги.

Вредноста на бодот за пресметување на платите на наставниците се усогласува и со растот на минималната плата утврдена според закон.

— реклама —

Наместо да блокираат, демантираат, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ нека го прочитаат законот и да престанат да ја лажат јавноста“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања