Врховен ги разбира критиките кои ги добија по пресудата за Панчевски: Тоа не смее да ја засени одговорнсота

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
vrhoven-sud

Врховен суд по критиките од јавноста за пресудата на Владимир Панчевски, обвинет за манипулирање со АКМИС системот и екссудија се правда дека постапиле одговорно и непристрасно. Тие велат: Коментарите, изјавите и критиките, се дел од секое современо, демократско општество, меѓутоа тоа не смее да ја засени одговорноста за зачувување на независноста и непристрасноста на судството, за постапување во согласност со законите, како и со меѓународните инструменти и стандарди, што наметнува обврска на сите институции, како и на општеството во целина. Јавноста, како и медиумите имаат важна улога во зачувување на независноста и непристрасноста на судството и на принципот на владеење на правото, што претставува неопходен предуслов за зачувување на довербата на јавноста во судството“.

— реклама —

Тие велат дека пресудата на Панчевски падна, а со тоа, тој излезе од затвор, бидејќи се воделе и од пресуди на Европскиот суд за човекови права.

— реклама —

„Оттука, на овој начин се запазува конзистентност во постапувањето, со доследна примена на конвенциското право и меѓународно прифатените стандарди за човекови права, а во насока на обезбедување на правна сигурност и јакнење на довербата на јавноста во правосудниот систем. Согласно судската пракса на Европскиот суд за човекови права од државата се бара да обезбеди на сите лица во судски постапки да ги уживаат пред тие судови гаранциите содржани во член 6 од Европската Конвенција за заштита на човековите права и основните слободи. Воедно, ваквиот начин на постапување е изразен во бројни одлуки на Европскиот суд за човекови права меѓу кои Атанасов против Република Македонија, бр. 22745/06, § 30, 17 февруари 2011 година и Делкур против Белгија (Delcourt v. Belgium), 17 January 1970, § 25, Series A no. 11. Во секој случај, преку начелото на јавно судење и можноста која му се дава на обвинетиот да даде исказ пред апелациониот суд се остварува и целта за гарантирање на правотo на одбрана на обвинетиот Тирс и други против Сан Марино (Tierce and Others v. San Marino), броеви 24954/94 и 2 други, ECHR 2000-IX, § 95“, додава Врховен.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања