Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Вучиќ денеска поднесува оставка, вечерва околу 20 часот ќе ѝ се обрати на јавноста

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Балкан
Screenshot-2023-09-28-at-23.48.36

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска, 27 септември, ќе поднесе оставка од функцијата, што го најави во повеќе наврати. Според неговата последна најава, оставката треба да ја поднесе вечерва околу 20 часот, по што ќе ѝ се обрати на јавноста и ќе ја образложи својата одлука.

— реклама —

Вучиќ претходно најави дека по повлекувањето од претседателската функција ќе се вклучи во кампањата за предвремените парламентарни избори како граѓанин. Изборите се закажани за 25 октомври, откако на 9 септември беше распуштен српскиот парламент.

— реклама —

Неговото повлекување од функцијата доаѓа во период на долготрајни студентски протести и барања поврзани со одговорноста за уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад во ноември 2024 година, при што загинаа 16 лица.

— реклама —

Вучиќ на 14 септември соопшти дека оставката ќе ја поднесе на 27 септември, а подоцна прецизираше дека тоа најверојатно ќе се случи околу 20 часот.

— реклама —

Предвремените парламентарни избори на 25 октомври ќе се одржат во услови на политичка неизвесност и продолжени студентски протести, додека Вучиќ најави дека ќе се кандидира за премиер на изборите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqv7ncof0nrbeevKVETW

(Видео) Хаос на ракометен терен во Србија, седум сини картони за играчи од двете екипи

Спорт | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryud13o1m6n1atcvbYVia

Правниот факултет во Загреб се огради од професорот кој ги советувал студентите во Србија

Балкан | пред 4 часа

media-library4bal9nem50nd1iuSgCr

Полициски функционери приведени по истрага за насилство во зградата на Владата во Белград

Македонија | пред 15 часа

vulin

(Видео) Вулин со снимка од Москва демантираше дека избегал од Србија

Балкан | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања