Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Вучиќ: Над 3.300 пожари за три недели, 9.000 луѓе се борат со огнот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Балкан
Screenshot-2023-09-28-at-23.48.36

Повеќе од 3.300 пожари избувнале во Србија во последните три недели, а во нивното гаснење се ангажирани околу 9.000 луѓе, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

— реклама —

Вучиќ најави дека ќе ги посети пожарникарите и спасувачите кои се ангажирани на терен и лично ќе им се заблагодари за нивниот ангажман. Тој посочи дека припадниците на службите спасувале луѓе и имот на повеќе локации низ земјата.

— реклама —

Србија побарала помош од Европа за справување со пожарите, а Романија веќе доставила предлози за помош. Особено сложена е ситуацијата со гаснењето на пожарот во Делиблатската Пескара.

На прашањето за тврдењата дека пожарите биле намерно предизвикани, Вучиќ ги отфрли како „глупости“ и ги критикуваше оние кои шират теории на заговор.

— реклама —

Тој истакна дека државата презема мерки за заштита на домовите и животите на граѓаните, а дополнително се инвестира и во опремата и кадарот на пожарникарската служба.

— реклама —

Бројот на пожарникари е зголемен на 3.800, а набавени се 58 нови возила и современи хеликоптери. Вучиќ најави дека ќе продолжат инвестициите, вклучително и можноста за набавка на авиони за гаснење пожари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya5t804gei9endSRDlmd

Истрагата за „звучниот топ“ во Србија била само формална, на оштетените им било оневозможено правото на жалба

Балкан | пред 14 минути

— реклама —
media-library9r80j55i9ibj73rSjgf

РЕМ му забрани на Информер да емитува утринска информативна програма седум дена

Свет | пред 1 ден

media-library7f5e8qmn8ij423xF0pr

Цистерна со цемент излетала од патот кај Белград, двајца повредени

Балкан | пред 1 ден

brnabikj

По станот во Белград, шефот на кабинетот на Брнабиќ купил и луксузен имот во Тиват

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања