Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Вучиќ најави „дигитална армија“ во Србија: Војниците што помалку изложени на опасност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Балкан
vucic-45345

Србија работи на создавање таканаречена „дигитална армија“, со која во иднина би се намалила изложеноста на војниците на бојното поле, најави српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој посочи дека станува збор за сложен процес кој бара време и значителни вложувања.

— реклама —

„Во моментот кога нашето борбено возило ќе забележи цел и мета, тоа веднаш испраќа дигитален сигнал до нашата ракетна артилерија за таа да може да дејствува. Нема објаснување и јавување, како во филмовите, туку само со притискање едно копче“, изјави Вучиќ.

— реклама —

Тој рече дека на тактичката воена вежба бил прикажан напад со роботизирани беспилотни системи, при што, како што наведе, на целото подрачје немало ниту еден човек.

— реклама —

На вежбата биле претставени и малите роботизирани системи „Милош“, како и роботизирани возила во форма на кучиња опремени со фрлачи на гранати, противоклопни средства и митралези со калибар 7,62 милиметри. Биле прикажани и осум видови беспилотни летала, од кои дел биле соборени во текот на вежбата.

— реклама —

„Тоа го правиме за да ги зачуваме мирот и стабилноста. На сите им е јасно дека не сакаме никого да загрозиме. Сакаме мир и стабилност, сакаме сами да го чуваме нашето небо и нашата земја“, порача Вучиќ.

Во врска со повторното воведување на задолжителниот воен рок, српскиот претседател рече дека се подготвува негово воведување од март следната година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9r80j55i9ibj73rSjgf

РЕМ му забрани на Информер да емитува утринска информативна програма седум дена

Свет | пред 19 часа

— реклама —
media-library7f5e8qmn8ij423xF0pr

Цистерна со цемент излетала од патот кај Белград, двајца повредени

Балкан | пред 1 ден

brnabikj

По станот во Белград, шефот на кабинетот на Брнабиќ купил и луксузен имот во Тиват

Балкан | пред 3 дена

policija-srbija

Го претепале до смрт сведокот за случајот со малата Данка Илиќ, уапсени осум полицајци во Србија

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања