Промени тема
Контакт

Вучиќ: Во Приштина пратеник на Курти се појави со маица „Студентите победуваат“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Балкан
media-library92amidutjmj865s26Ra

Српскиот претседател Александар Вучиќ, говорејќи на собир на Српската напредна странка (СНС) во Лазаревац, ја обвини таканаречената студентска листа дека има политички врски со регионални политичари, а истовремено оцени дека нејзината политика не ги штити интересите на обичните работници и нема јасна насока во надворешната политика.

— реклама —

Вучиќ се осврна на појавувањето на пратеник во парламентот во Приштина, за кого рече дека е близок до Албин Курти, со маица на која пишувало „Студентите победуваат“.

— реклама —

„Денеска во парламентот во Приштина еден пратеник на Курти се појави со маица ‘Студентите победуваат’. Ако тоа не ви е доволно, кажете што друго треба да видите за да ја разберете поврзаноста меѓу Курти, Пленковиќ и Ѓукановиќ“, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека неговите политички противници не се вознемируваат од обвинувањата дека добиваат пари од европратеникот Тонино Пицула, туку, според него, таквата поддршка ја прифаќаат.

— реклама —

„Ние само сакаме да му служиме на својот народ, а тие нека му служат кому сакаат. Поради тоа, уште еднаш ќе ги загубат изборите“, порача Вучиќ.

На собирот во Лазаревац тој зборуваше и за таканаречената студентска листа, оценувајќи дека нејзините претставници не се грижат за потребите на обичните работници и немаат план за надворешната политика.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

490506140_1221633092883168_4859003472972009158_n

(Видео) Вучиќ ќе ја замени претседателската со премиерската фотелја?

Свет | пред 9 месеци

— реклама —
Screenshot-2023-09-28-at-23.48.36

Вучиќ се пожали: Некој сака да уништи се, изгубивме инвестиција од 750 милиони евра

Свет | пред 10 месеци

Screenshot-2024-01-22-at-09.31.58

Вучиќ: „САД не дадоа дозвола за НИС, но Србија обезбеди доволно гориво до крајот на јануари“

Свет | пред 10 месеци

media-library2ov5378spb5h7GdcQaM

НИС од утре го запира работењето, САД не ја продолжија лиценцата

Свет | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања