Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Вучиќ Мислам дека одлуката не е фер кон Македонија и Албанија што не добија датум

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
vucic

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека жали што Скопје и Тирана не добија датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Според него, ваквата одлука не е праведна кон двете земји.

— реклама —

„Мислам дека одлуката не е фер кон Македонија и Албанија. Србија со нив има пријателски односи“, изјави Вучиќ.

— реклама —

Тој најави дека на 29 јуни ќе биде организирана видео конференција со македонскиот премиер, Зоран Заев и албанскиот премиер, Еди Рама.

— реклама —

„Би сакал да објавам дека на 29. ќе имаме важна видео-конференција со премиерите на Северна Македонија и Албанија. Во рамките на нашата регионална иницијатива, која многумина ја нарекуваат „мини Шенген“, продолжуваме да ги подобруваме нашите односи. Веруваме дека ќе донесеме конечни одлуки за заедничко дејствување против природни катастрофи на територијата на нашите земји. Верувам дека заедно ќе овозможиме проток на добра, капитал, луѓе и услуги, а она што е од големо значење за нас е таканаречениот систем на работни дозволи, каде што оној што ќе добие дозвола на територијата на една од овие три земји ќе има работна дозвола за секоја од земјите, што е од голема важност“, истакна Вучиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања