Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Вучиќ: Заев ми се извини што ме нарече „руски човек“, му одговорив „Поздрав друже“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
1-12

Српскиот претседател Александар Вучиќ, говорејќи на ТВ Пинк, меѓу повеќето теми, се осврна и на последата комуникација меѓу него и македонскиот премиер Зоран Заев, околу случајот со руските пранкери.

— реклама —

Како што наведе Вучиќ, Заев му се извинил откако медиумите го пренеле разговорот во кој македонскиот премиер кажал дека тој е руски човек.

-Тој ми испрати извинување, ми испрати порака. Јас кажав поздрав друже, што друго да му кажам, дали сум руски човек или не? Горд сум што сум Србин и што се борам само за Србија и добро е познато дека јас не сум ниту американски ниту руски човек, и тоа е тежината на мојата позиција и затоа мал број луѓе ме сакаат на власт во Србија, бидејќи јас сум човек на Србија и на нашите граѓани и на нашиот народ, рече Вучиќ.

— реклама —

Во врска со идејата за размена на територии на Косово, Вучиќ кажа дека „доколку некој му понудеше она за што Заев зборуваше, јас со двете раце тоа би го прифатил, но очигледно дека разговарал за тоа со некој кој малку знае за преговорите меѓу Белград и Приштина “.

Српскиот претседател денес во Белград го пречекува францускиот претседател Емануел Макрон, кој исто така, како и премиерот Зоран Заев, беше цел на руските пранкери.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања