Поради сериозната трагедија што синоќа го потресе Тетово и целата земја, и во чест на жртвите, кандидатот Вулнет Мурсели и неговиот тим привремено ги суспендираат сите предизборни активности, и ги нудат сите човечки ресурси за да им служат на семејствата на жртвите, велат од Алијанса за Албанците и Алтернатива.
„Во овие моменти, нашите молитви и мисли се со семејствата на жртвите на пожарот од 8 септември во модуларната болница во Тетово.
Ние ја споделуваме болката со вас и сакаме да бидеме близу до фас со каква и да е помош што можеме да ја понудиме, за да ја ублажиме вашата болка и страдање“, се вели во соопштението.