Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Хајка на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ против коридорите полна со лаги, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
29102022_Izgradba_zeleznica_Koridor-8_12

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ свесно пласираат лаги, водејќи хајка против изградбата на кориодорите 8 и 10Д, најголемата инвестиција во инфраструктурата вредна 1,3 милијарди евра, вели СДСМ

— реклама —

„Една од најголемите и најчести лаги им е лагата дека државата ќе плаќала пенали ако во Собранието не се донесе пакетот закони поврзани со изградба на коридорите.

Бесрамно лажеа дека ќе се кршат работничките права на ангажираните работници за изградбата на овој стратешки проект во којшто 600 милиони евра ќе завршат кај домашните компании.

— реклама —

70 отсто од ангажираните работници ќе бидат од странство е уште една голема лага на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, иако во Законот за изградба на коридорите во член 11 јасно стои дека се предвидува најмалку 51% од ангажираните ресурси да бидат локални.

— реклама —

Лага на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски е и дека ангажманот на работници од странство ќе биде спротивна на законот. Напротив, во член 13 од Законот за изградба на коридорите јасно е утврдена законската процедура за таквиот ангажман.

ВМРО-ДПМНЕ заради тендери и провизии направи хаос со изградбата на автопатот Кичево-Охрид и ние такво нешто нема да дозволиме да се случи.

— реклама —

Хајката против изградбата на коридорите 8 и 10Д што ја води Мицкоски го покажува неговото заложништво на проруската Левица“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања