Eкс министерот за финансии, Џевдет Хајредини го демантира тврдењето на СДСМ дека стандардот пораснал.
„Не, обратно, народот, освен вас функционерите, сега може да купи, не речиси, туку сигурно – за една третина помалку производи“, пишува тој на Фејсбук.
Претходно, премиерот Димитар Ковачевски изјави дека „народот сега може да купи за речиси една третина повеќе производи“. Ковачевски кажа дека со членство во Европската Унија (ЕУ) стандардот ќе се зголемува.