Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Халкидики под засилена тревога: Забранет пристапот во шумски подрачја, казната е 300 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Балкан
media-libraryh2jlo5d173ks55ZxQia

Поради зголемениот ризик од шумски пожари, денеска на Халкидики стапија во сила ограничувања за сообраќај и движење на лица во одредени шумски подрачја.

— реклама —

Забраната важи од 8 до 20 часот и ги опфаќа подрачјата на општините Касандра, Ситонија и Аристотелис, каде што опасноста од пожари е проценета на трето ниво.

Надлежните служби најавија дека ќе бидат отстранети и возилата и лицата кои ќе бидат затекнати во подрачјата опфатени со забраната. Локалните власти ги повикаа жителите и туристите строго да ги почитуваат мерките и упатствата на надлежните.

— реклама —

За прекршување на забраната предвидена е глоба од 300 евра.

— реклама —

Во меѓувреме, во Атика и уште шест грчки области е прогласен црвен аларм поради опасност од пожари, со зголемена подготвеност на сите надлежни служби.

Високите температури, кои локално се очекува да достигнат до 40 степени Целзиусови, во комбинација со силни налети на ветер и долготрајната суша, значително го зголемуваат ризикот од избувнување и брзо ширење на пожари.

— реклама —

Мерките беа донесени по состанокот на Комитетот за процена на ризик, по што службите ги засилија превентивните активности и оперативната подготвеност низ земјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

uciliste

26 лица, меѓу кои 13 деца, се хоспитализирани по истекување гас во училиште во близина на Атина

Балкан | пред 3 часа

— реклама —
trajekt-620x350

Закана за бомба запре траект во Грција: Евакуирани 875 патници

Спорт | пред 1 ден

tunis-migranti-camac-830x0

Најмалку 12 мигранти загинале во бродска несреќа јужно од Крит

Балкан | пред 2 дена

media-libraryiel13u9qn44b5PMTzid

Необична „роденденска честитка“ за грчкиот министер: Хакери нарачале 150 поршеа и 50 мерцедеси

Балкан | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања