„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Хамас подготвен да дозволи пристап за хуманитарна помош до израелските заложници, но имаат свои услови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
zaloznici-izrael-gaza-hamas

По објавувањето на видео снимка на која е прикажан израелски заложник во сериозно влошена здравствена состојба, Хамас соопшти дека ќе овозможи пристап на Меѓународниот комитет на Црвениот крст до заложниците што ги држи во Појасот Газа – но само доколку се исполнат одредени услови.

— реклама —

Палестинската милитантна организација бара Израел целосно да ја дозволи хуманитарната помош за палестинското цивилно население во Газа и да ги прекине воздушните извидувачки летови во периодот кога се распределува помошта. Изјавата беше објавена преку Телеграм од страна на портпарол на Бригадите Ал-Касам, вооруженото крило на Хамас.

Истовремено, од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопштија дека тој остварил контакт со регионалниот директор на МКЦК и побарал итна интервенција за обезбедување храна и медицинска помош за заложниците.

— реклама —

Израелските власти велат дека Хамас држи околу дваесет израелски заложници, киднапирани на 7 октомври 2023 година, во мрежа на подземни тунели под Газа. Според истите извори, заложниците се наоѓаат во крајно нехумани услови и без соодветна нега.

Во последните денови, Хамас објави неколку видеа на кои се гледаат заложници во состојба на видлива неухранетост и психофизички замор, што предизвика остри реакции во Израел и пошироко во меѓународната јавност.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон остро ја осудија објавата на снимките, опишувајќи ги како „шокантни и вознемирувачки“, и упатија повик за итен пристап до заложниците.

Израелски разузнавачки извори проценуваат дека Хамас ја користи тешката состојба на заложниците како средство за политички и дипломатски притисок врз израелската влада, во обид да обезбеди отстапки во областа на хуманитарната помош и преговорите за прекин на огнот.

фото: Х

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања