Промени тема
Контакт

Хан: Северна Македонија создаден предуслов да добие датум за во ЕУ, но не знам што ќе одлучат земјите-членки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
han

Јоханес Хан во интервју за Дојче веле објаснува дека секоја земја која е кандидат за членство во Унијата ќе биде оценувана одделно врз основа на својот напредок и постигнувања. Северна Македонија направи многу, вели тој.

„Мојата цел е двете земји истовремено да добијат датум за почеток на преговори, затоа што истовремено го претставуваме и извештајот. Но не можам да го предвидам процесот на донесување одлуки во земјите-членки. Факт е дека Северна Македонија направи многу и притоа, не само во рамките на она што ние го баравме, туку исто така и со решавањето на спорот за името, но и со решавањето на билатералниот конфликт со Бугарија. Северна Македонија создаде еден предуслов со што стана единствената земја во регионот која нема конфликт со ниту еден сосед.

— реклама —
— реклама —

ДВ: Тоа значи дека, доколку во Албанија не се постигне некаков компромис, Северна Македонија ќе може да ги отвори преговорите со ЕУ?

— реклама —

Хан: Нашиот став отсекогаш е дека секој одделен процес, односно преговорите за проширување, се процес кој се базира врз заслуги и постигнувања на секоја одделна земја. Нема да биде фер доколку една земја треба да чека некоја друга, ако таа не испорачува. Тоа е основата. Секако, би било идеално, кога сите шест (земји од Западниот Балкан, н.з.) се приклучат во исто време, но тоа е нереално. Истовремено, неправедно е некој, кој силно се ангажирал, кој изнаоѓал решенија, кој е подготвен на компромис, кој донесува тешки одлуки, сега да биде казнет, затоа што е подобар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 7 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања