Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Хаос на Тенерифе: Над 70 патници го пропуштија летот поради гужви на пасошка контрола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-library8dj04sgisio52NpdMMr

На аеродромот на Тенерифе на Канарските Острови настанал хаос кога повеќе од 70 патници, меѓу кои и семејства со деца, го пропуштиле летот на нискобуџетната компанија Ryanair поради повеќечасовно чекање на пасошка контрола, по што останале заглавени на островот.

— реклама —

Според сведоштва на патници, проблемите започнале веднаш по пристигнувањето на аеродромот, кога се формирале долги редици на контролата за пасоши, со чекање што траело околу два и пол часа.

— реклама —

Една патничка на социјалната мрежа TikTok опишала дека патниците, и покрај тоа што навреме се упатиле кон излезната порта по добивање информации за летот преку мобилната апликација, сепак пристигнале предоцна бидејќи авионот веќе заминал.

— реклама —

Таа навела дека не биле единствени, туку околу 70 патници го пропуштиле летот, најголем дел семејства со мали деца и бебиња. Според нејзините тврдења, авионот останал извесно време на пистата додека бил истоваруван багажот на патниците кои не се качиле, но на крајот тие не биле вратени во системот за поаѓање.

— реклама —

Патниците биле принудени сами да бараат алтернативни решенија, вклучително и нови сместувачки капацитети, додека следните летови кон нивните дестинации биле закажани дури неколку дена подоцна. Инцидентот предизвикал бројни реакции на социјалните мрежи, каде што други патници споделувале слични искуства и незадоволство од организацијата на аеродромските процедури.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0b13s3ok25331Q1OaWJ

(Видео) Почна евакуацијата на патниците од крузерот со хантавирус на Тенерифе

Свет | пред 2 месеци

media-librarycet6ejajaj5m1MONxM2

(Видео) Жителите на Тенерифе во страв поради доаѓањето на „крузерот на смртта“: Отворено го покажаа бесот

Свет | пред 2 месеци

media-librarya0gtasu1mro1dyWVQgK

(Видео) Туристи на Тенерифе во шок: Отидоа на патување од соништата, а ги дочека ова

Магазин | пред 3 месеци

media-library2f7i39sn0hn65MdARvA

(Видео) Трагедија на Тенерифе: Двајца загинати и петнаесет повредени од силни бранови

Свет | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања