Хаосот во болниците продолжува. Најголем наплив на новозаразени и со тешка форма на корона има во Гостивар, Тетово, Лешок, Струга.
„Расте бројот на новодијагностицирани. Во Тетово се хоспитализирани 90 пациенти, во Гостивар се 70 пациенти. Болницата во Лешок е исто така наполнета со пациенти. Утрово направивме и координација каде да се препраќаат пациентите. Од денеска со работа ќе започне модуларната болница до Инфективната клиника, инфективното одделение на ‘8 септември’, три тријажни центри. Направен е распоред на лекарите. И покрај тоа што дел се на одмор, има доволен број на кадар“, рече Филипче.