Промени тема
Контакт

Хаос околу АД Славија, СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ треба да ја купи АД Славија и да ги преземе долговите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Slavija-2

„ВМРО-ДПМНЕ шири невистини. Вистината е дека ВМРО-ДПМНЕ го обезвредни и раскрчми имотот на АД Славија. Од 2012 до 2017 година токму ВМРО ДПМНЕ со тајни зделки и зад затворени врати распродала над 70% од имотот на АД Славија, со што уште повеќе ја намалила вредноста на компанијата. Според проценката направена во 2012 година компанијата имала долг од 17 милиони евра, што значи дека уште тогаш нејзината вредност била најмногу три милиони евра“, велат од СДСМ.

— реклама —
— реклама —

„Со тајна продажба, зад затворени врати е оштетена компанијата и државата, бидејќи по неповлни и ниски цени се распродавани десетици дуќани и најатрактивни локали, некогашни маркети на Славија, во Скопје и низ целата држава, кои денеска се сопственост на приватни компании. Наместо да шири дезинформации ВМРО-ДПМНЕ треба да се пријави за купување на АД Славија и да ги преземе долговите во компанијата направени токму од ВМРО-ДПМНЕ“, додаваат оттаму.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања