Промени тема
Контакт

Хаос во Мото ГП: Тешка несреќа во Каталонија, трката прекината

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Спорт
media-library9ek67ej656ec7j0WkF3
screenshot youtube

Трката за Големата награда на Каталонија во класата Мото ГП беше прекината по сериозна несреќа во која учествуваа неколку водечки возачи.

Инцидентот се случи на патеката „Барселона-Каталуња“ во Монмело, кога Шпанецот Алекс Маркез, возејќи за Дукати-Грезини, во борба за водството удри во мотоциклот на сонародникот Педро Акоста.

По контактот, Маркез со голема брзина излета во заштитната зона и падна, а неговиот мотор неколкупати се преврте на патеката. Во инцидентот настрада и Италијанецот Фабио ди Џанантонио, кој падна откако го погоди дел од уништениот мотор на Маркез.

Организаторите веднаш ја прекинаа трката за расчистување на патеката.

— реклама —

Алекс Маркез бил свесен по несреќата, но со медицинско возило бил пренесен во болница на дополнителни прегледи.

— реклама —

Во меѓувреме, Педро Акоста успеал да се врати до боксот со оштетен мотор, додека Французинот Јоан Зарко бил погоден од делови од моторите и видливо куцал по инцидентот.

Трката продолжи по прекинот, но хаосот не запре. Наскоро следуваа нови падови во кои беа вклучени Франческо Бањаја, Лука Марини и Зарко.

— реклама —

Подоцна Раул Фернандез предизвика уште еден инцидент, откако агресивно влезе во Хорхе Мартин, кој повторно падна и бесно реагираше по враќањето во боксот.

На крајот, победата ја однесе Фабио ди Џанантонио.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryh1h1iclfu1b8atiTM0t

Марк Маркез: Не очекував титула пет трки пред крајот на сезоната

Трендови | пред 8 месеци

— реклама —
Screenshot-2024-05-26-at-17.33.38

(Видео) Страшна несреќа во Формула 1: Болидот преполовен, трката веднаш прекина

Вирално | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања