Промени тема
Контакт

Хаос во Русија: Нивото на водата достигна опасно ниво

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет

Водостојот на реката Тобол кај рускиот град Курган денеска достигна опасно ниво, откако во изминатите неколку часа нивото на водата порасна за 15 сантиметри, достигнувајќи 865 сантиметри, соопшти регионалната влада.

Владата ги повика жителите на поплавените подрачја на областите Курган и Кетовск веднаш да се евакуираат, пренесува РИА Новости. Според градската управа, водата се уште навлегува во областа Тобола и се приближува до локалното училиште, а неопходна е евакуација.

— реклама —

Регионалната државна служба за вонредни ситуации на Русија објави дека порастот на водата во реката Тобол кај Курган ќе продолжи и во наредните денови, се очекува да се искачи до еден метар, вклучително и во општинската област Кетовски.

— реклама —

Хидрометеоролошкиот центар Урал предвиде продолжување на покачувањето на водостојот кај Курган до четврток, а максималната очекувана вредност е 1.070 сантиметри, соопшти Министерството за вонредни состојби.

— реклама —

Регионална вонредна состојба е на сила во регионот Курган, а 62 населби, 4.300 куќи, 5.550 домаќинства и 600 куќи се во опасност од поплави. Евакуирани се повеќе од 13.000 луѓе, а отворени се 16 центри за привремено сместување, пишува РИА Новости.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

ruski-vojnik-rusija-

Речиси 249.000 руски војници загинале во Украина

Свет | пред 2 часа

— реклама —
media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Се огласи човекот на Путин: „Барањата остануваат исти“

Свет | пред 18 часа

media-library8h42tf1tr33u89mWcw6

(Видео) Русија со нов бран напади врз Украина: Најмалку тројца загинати, меѓу повредените и петмесечно бебе

Македонија | пред 1 ден

media-library98c7ddga5hd0dtWnFAq

(Видео) Украински дронови стигнаа 900 километри во Русија – пријавени удари врз фабрики и аеродром

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања