Заменикот министер за здравство доц. д-р Илир Хасани, вечерва во гостувањето на телевизија 24 изјави дека сите промени во Законот на заштита на населението од заразни болести се од итен карактер и треба што побрзо да се донесат поради општото добро.Тој потенцираше дека на денешната седница, Владата ги усвои предлозите кои Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство ги предложи со цел спречување на ширење на ковид-19 вирусот.На 13. владина седница, прифатени се препораките за ограничување на работното време на сите угостителски објекти до 23 часот, освен за оние што вршат испорака, како и ограничување на капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50% од вкупниот број на патници предвидени во едно возило.
— реклама —
Исто така, прифатена е препораката целата државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, организирањето на работата да се одвива во смени или онлајн од дома или редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите.
— реклама —
Заменикот министер Хасани јавно се заблагодари до сите медиуми во однос на информирањето на граѓаните за ковид-19 кризата.„Сакам јавно да се заблагодарам до сите медиуми, до вас и до сите други медиуми кои се борат заедно со сите нас во оваа тешка борба против еден непријател којшто за нас е многу непознат. Медиумите имаат многу важна улога во овој процес на убедување на луѓето за мерките кои треба да се почитуваат“, изјави Хасани.
— реклама —
Тој потенцираше дека нема пари што може да ја платат посветеноста на здравствените работници што работат со пациентите заразени од коронавирус.
„Двојно да им се зголеми платата е малку. Нема пари што може да ја платат таа посветеност што здравствените работници ја прават внатре. И здравствените работници кои се наоѓаат во ковид единиците тие се свесни дека ова не се плаќа во пари. Тие се борат со животите на луѓето и максимум се исцрпуваат за да им помогнат на луѓето. Генерално, лично мислам дека треба да се најде начин вработените во инфективната клиника и другите инфективни одделенија во цела држава кои се соочуваат со овој непријател достинствено да се наградуваат“, рече заменикот Хасани.