„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Хазби Лика доби функција во разузнавачките служби, наместо „метла“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
hazbi-lika

Вицепремиерот за рамковен договор, Хазби Лика, ќе биде член на Советот за координација на разузнавачката заедница.Лика автоматски ја добива оваа позиција, согласно законот за координација кој вчера го потпиша претседателот, Стево Пендаровски. Според законот вицепремиерот за рамковен договор е еден од осумте члена на советот кој ќе ги координира разузнавачите активности.

— реклама —

Вицепремиерот кој е познат по тоа што не оди на работа и не го реши проблемот со вработените по Рамковен кои седат дома а земаат плата, согласно одредбата во новопотпишаниот закон, ќе стане еден од 8-те членови на советот кој оперативно ги предводи разузнавачките активности.

За ова реагираа од партијата Граѓанско Демократска Унија.

— реклама —

„Кога сите очекуваа дека Хазби Лика ќе „лета“ тој си доби и нова функција. И внимавајте, истиот тој, ќе биде дел од телото кое ќе ги спроведува предлозите на највисокото безбедносно тело – Советот за национална безбедност. И иронијата да биде поголема, пратениците кои изгласаа да се укине секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор и да се формира ново министерство , истите тие народни избраници сега му обезбедија место на Лика во Советот за координација на разузнувачката заедница.

Да потсетиме дека Лика е професор по албански јазик и книжевност. Весникот „Време“ во декември 2004 година објави дека во МВР постоела службена белешка оти Лика познат како командант Чела, за време на конфликтот во 2001 година бил еден од дваесеттемина учесници во озогласениот масакар кај Вејце, во кој беа убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осуммина специјалци и припадници на полицијата. За истиот тој Лика, додека бил градоначалник на Тетово, Државниот завод за ревизија во извештајот за состојбата со буџетската потрошувачка за 2009 година, утврди дека биле потрошени 5,3 милиони денари од буџетот, кои не биле во согласност со законската регулатива“, стои во соопштението на ГДУ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања