Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Хегсет за Иран: Апсолутно победуваме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-library0tufam702kgueNKE2lP

За време на обраќање пред Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом, американскиот функционер Пит Хегсет остро го критикуваше конгресменот Џон Гараменди, демократ кој американската воена стратегија во Иран ја оцени како некомпетентна и како политика што ја турна земјата во „кал“.

„Таквите изјави се неодговорни кон нашите војници“, рече Хегсет, по што праша: „За кого навивате?“ и додаде дека со тоа се поткопува мисијата.

На прашањето дали САД победуваат во војната против Иран, Хегсет одговори потврдно.

„Апсолутно“, изјави тој, оценувајќи го конфликтот како „неверојатен воен успех“.

— реклама —

Запрашан дали пред почетокот на судирот Вашингтон ја разгледал можноста Иран да го затвори Ормускиот Теснец, Хегсет рече дека Министерството за одбрана ги разгледало „сите аспекти на тој ризик“, пренесува Ал Џезира.

— реклама —

Осврнувајќи се на американскиот напад што на почетокот на војната погодил иранско училиште за девојчиња, при што загинале околу 170 лица, претежно деца, Хегсет изјави дека „тој несреќен случај сè уште се истражува“.

На прашањето колку чинел нападот, тој одговори: „Не би ставил цена на тоа.“

— реклама —

Според тековните истраги, нападот можеби бил резултат на грешка на американската војска поради користење застарени разузнавачки податоци.

Во американско-израелските напади врз Иран, според наводите, уништени или тешко оштетени биле стотици училишта и образовни установи, при што загинале стотици ученици и наставници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0tufam702kgueNKE2lP

Пентагон воведува задолжително тестирање на тестостерон за војниците над 30 години

Свет | пред 3 дена

media-librarygm7jb0egts6j1eq1obZ

Американски министер за одбрана: Прашањето за муницијата е пренагласено

Свет | пред 2 месеци

media-librarye1qpib96r8ag6YaWsF2

(Видео) Нереална сцена во Пентагон: Хегсет цитирал лажен „библиски“ стих од филм за време на говор

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања