„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Хелсиншки комитет за интервјуто на Латас кај Лазаров: Културата на насилство им дава ветер во грб на насилниците кои се славени како „вистински мажи"

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
20230219165001

Хелсиншкиот комитет за човекови права го осуди интервјуто на Драган Павловиќ - Латас во кое тврди дека „силувал девојка во автомобил, откако претходно таа била претепана“.

— реклама —

„Неодамна објавеното интервју од јутјуберот Стефан Лазаров каде неговиот гостин Латас споделува дека тој и неколку другари на 15 годишна возраст злоставувале и силувале девојка е колективен, општествен пораз и реален приказ за тоа како ги третираме жените жртви на насилство. Во видеото, кое веќе има над 50 илјади прегледи, за двајцата соговорници силувањето е извор на забава и смеа, со што тие директно праќаат порака кон огромната публика не само дека тоа е нешто нормално, туку и смешно. Ова интервју е само еден јавен и болен показател за тоа како во пракса излгеда нормализирање на културата на насилство и до каде може може да доведе непостапувањето на институциите и немањето јасни ставови и политики кои ги заштитуваат жртвите, наместо насилниците“, реагираат од Хелсиншки комитет.

Од таму ја повикуваат јавноста да реагира со осуда на овој чин, кога веќе системот за поддршка очигледно не функционира.

— реклама —

„Таа култура, им дава ветер во грб на насилниците, кои не само што продолжуваат да живеат нормално, туку и да бидат славени како „вистински мажи" и победници. Истата таа култура ги осудува жртвите, праќајќи им јасна порака дека системите на поддршка се речиси непостоечки. На оваа култура мора да и се стави крај, јасно и гласно, ако јавната осуда е единствено оружје кое го имаме на располагање, соочени со систем кој очигледно не знае и не сака да се справи со родово базираното насилство“, се додава во реакцијата

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

IMG_6434

Зоки Фаци се врати од Турција: Наместо таму, ќе се оперира во Македонија - му кажале дека има надеж и покрај метастазите

Македонија | пред 1 година

20230220_204605

(ВИДЕО) Лазаров: Вчера беше поентата да се уништи Стефан за да се затскријат други работи

Магазин | пред 2 години

Dragan-Pavlovikj-Latas

Латас: Хелсиншки комитет одамна не постои, ова се тие кои поттикнуваат промена на пол, именување родител еден и два

Коментари | пред 2 години

330843162_582502017092743_248032453657420087_n

Лазаров за обвинувањата: Се дига лажна хајка и се оцрнува моето име

Магазин | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања