Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Хезболах најавува поинтензивни операции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryo1d2c154dp434d5eiLf

Тензиите меѓу Израелски одбранбени сили и Хезболах повторно ескалираат, откако двете страни меѓусебно се обвинија за прекршување на примирјето и најавија засилени активности на теренот.

— реклама —

Од Хезболах порачаа дека повеќе нема да прифаќаат, како што наведуваат, еднострано примирје, нагласувајќи дека тие не биле дел од договорот кој беше постигнат меѓу Израел и либанските власти. Според нив, одредбите кои му дозволуваат на Израел и превентивни воени дејствија претставуваат неприфатлива практика.

— реклама —

Во последните два до три дена, според достапните информации, Хезболах го засилил темпото на своите операции, проширувајќи ги целите не само кон израелските сили во јужен Либан, туку и кон подрачја во северен Израел.

— реклама —

Паралелно, организацијата објави и видео порака упатена до жителите на северниот дел од Израел, во која предупредува дека безбедносната состојба е нарушена и дека тие не се целосно заштитени.

— реклама —

Од израелска страна, пак, се повикуваат на условите од примирјето кои, според нивното толкување, дозволуваат одговор и превентивно дејствување при секоја закана, што дополнително ја продлабочува кризата и ја доведува во прашање одржливоста на договорот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Израел: Мисијата во Иран не е завршена, подготвени сме за сите сценарија

Свет | пред 1 ден

— реклама —
Screenshot-2025-06-16-at-11.35.28

Израел се заканува со нови воени операции против Иран: „Мисијата сè уште не е завршена“

Свет | пред 1 ден

netanjahu

Крај на ерата на Нетанјаху? 67 пратеници го поддржаа неговиот ривал

Свет | пред 2 дена

netanjahu

Нетанјаху го оспорува изборниот резултат во Израел, тврди дека арапските партии ги украле изборите

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања