Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Хорор во Скопје: Девојче на 16 години сексуално злоупотребено од очувот, мајката знаела но не спречила

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
media-library7qgcqdanepmkf3p7SOB
Скопје1.мк

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека донело наредба за спроведување истражна постапка против двајца сопружници осомничени за продолжено кривично дело – обљуба со злоупотреба на положбата, по член 189 став 2 од Кривичниот законик.

Според обвинителството, очувот на жртвата, девојче родено во 2009 година, подолг временски период ја злоупотребувал својата положба и ја принудувал на обљуба и други полови дејствија, иако му била доверена на чување и воспитување.

— реклама —

Во злосторството учествувала и мајката на девојчето, која знаела за злоупотребите, но не ги пријавила ниту ги спречила. Со тоа, како што наведува обвинителството, таа не го заштитила сопственото дете, иако девојчето повеќепати барало помош од неа.

— реклама —

Јавниот обвинител предложил притвор за осомничениот очув, додека за мајката се предложени мерки на претпазливост.

— реклама —

Воедно, обвинителството најави координација со Центарот за социјални работи за преземање мерки за згрижување на трите малолетни деца во семејството, меѓу кои и жртвата на злоупотребата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrrt0tv5svj655mVuorG

Освен филерите, имало и препарати за славеење: постапка против три лица за криумчарење – меѓу нив и сопственичка на салон

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-library9ir48mipd1e645jzUSp

Фатен педофил вработен во училиште во Гостивар: намамил, ја уценувал и објавил експлицитни материјали од 14-годишно девојче

Македонија | пред 2 седмици

krazba

Со тесла упаднал во маркет, украл 52.900 денари, па се обидел повторно: уапсен косовски државјанин

Македонија | пред 2 седмици

media-library74m17ss756e5aP4YzoF

Татко и двајца синови осомничени за брутален напад на гробишта во Бутел

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања