Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

„Хотелот не краде струја, станува збор за лажна кампања на Јанко Бачев“, тврди извесен Јован Невеселов за веста од ЕВН

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Актуелно
eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-30-3910PM

По објавите дека при техничка контрола во станбена зграда на улицата „Луј Пастер“ биле пронајдени три нелегални и изгорени кабли поврзани со хотел кој повторно бил приклучен на нелегален извор на електрична енергија, до медиумите пристигна демант од Јован Невеселов, закупец на деловен простор во објектот.

— реклама —

Во демантот, Невеселов тврди дека станува збор за лажна вест и организирана кампања од страна на Јанко Бачев, кој, како што наведува, има намера насилно да ги избрка долгогодишните закупци од просторот.

— реклама —

„Бачев сака насилно да ме избрка од просторот со лажна пријава. Јас не користам нелегална струја, туку електрична енергија од обновлив извор – фотонапонска централа монтирана на хотелот на сопственикот на објектот,“ наведува Невеселов.

— реклама —

Тој дополнително тврди дека Јанко Бачев незаконски се вселил во државен имот со кој стопанисува АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, со што, според него, сторил кривично дело „самовластие“.

„Со своето незаконско дивеење, тој насилно сака да ги избрка закупците кои таму се наоѓаат повеќе од 25 години. Затоа сега лажно пријавува дека крадеме струја, сакајќи на тој начин да ја узурпира целата зграда,“ пишува во демантот.

Невеселов во дописот потсетува дека Бачев, како поранешен вработен во ДБК и лидер на минорна политичка партија, „со години се обидува преку притисоци и манипулации да ја присвои зградата“.

Во демантот се наведува и дека по незаконско демонтирање на струјомерите, лице блиско до Бачев успеало од ЕВН да издејствува незаконска повторна монтажа на уред без согласност на сопственикот на објектот и надлежното државно претпријатие.

„Останатите закупци, меѓу кои и јас, инвестиравме во енергија од обновливи извори и ја користиме легално. По повеќе од 30 лажни пријави до ЕВН, сега се објавуваат невистини за изгорени кабли. Тоа е крајно неточно, како и тврдењето дека хотелот крадел струја,“ заклучува Невеселов во својот демант.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања