Промени тема
Контакт

Храната која се дава на војниците не е безбедна, обвинува Ковачки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
hrana-zatvor

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки во гостување во емисијата „Што не е јасно?“ на телевизија Алфа ја повика новата министерка за одбрана Славјанка Петровска да истражи дали во време на министерувањето на Радмила Шекеринска се купени гуми за возила кои не се во употреба на Армијата на Република Македонија.

Сега имаме нов министер за одбрана, па нека истражи дали се купувани гуми за возила кои што се расходовани и не се во употреба во Армијата, а се платени тие гуми. Еве нека проверат дали е тоа така или не е така, вели Ковачки.

— реклама —
— реклама —

Ковачки истакна дека и храната на војниците која се дава не е безбедна посочувајќи дека тој во неколку наврати реагирал на својот официјален фејсбук профил каде што објавувал документи дека месото кој што го јаделе војниците не смеело да биде примено во армијата.

— реклама —

Имаме прашања за месото кој што го јадат војниците, со поминат рок, што се чува во нехигиенски услови. Значи ги нарушувате вие безбедносните протоколи за храната, и сега такво месо се чува. Тоа месо не го прима комисија како што е по правило, туку го прима еден човек и зашто? Затоа што тој е нивен и тој дели со нив. Еве нека го демантираат тоа. Јас точно на фејсбук сум објавил број на договори, на кој датуми се правени контроли каде точно е сугерирано дека тоа месо не смее да биде примено во редовите на Армијата и тоа месо го имаат изедено војниците. И со тоа они се гордеат и кажуваат дека сме успеале, а во што сме успеале, праша Ковачки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања