Христос се роди! Честит Божик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
bozik

Со свети архиерејски литургии утрово започна славењето на големиот православен празник Рождество Христово – Божик.

— реклама —

Православните верници не само што ја продолжуваат преку 20 вековната традиција на една од првите нации кои се со верата на Христос, туку уште еднаш со радост го слават спасоносниот настан – доаѓањето на Бога како човек на земјата.

Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуваат божиќни литургии. Централното одбележување е во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде што архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи литургија на Св.Василиј Велики.

— реклама —

По повод Божиќ, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан заедно со Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници, упатија Божиќно послание во кое им пожелуваат мир и благослов од Бога, поздравувајќи ги со величествениот поздрав – Христос се роди!

Божик е празник кој се слави во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера. Светлината и гласот на ангелите се првите вести кои ги виделе и слушнале пастирите за раѓањето на Спасителот. Во црквата овој празник почнал да се празнува кон крајот на третиот век.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања