Министерот за здравство Венко Филипче денеска на заедничката прес конференција во Скопје со хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман рече дека во текот на вчерашниот ден во земјава пристигнале десет илјади вакцини од производителот „АстраЗенека, а хрватската Влада донела одлука да донира дополнителни 20 илјади вакцини кои ќе бидат или од „Астра Зенека“ или од производителот „Модерна“ што би било прва количина од оваа вакцина која би стигнала во земјата.
Министерот Радман се обрати на македонски јазик и истакна дека со денешната донација Хрватска искажува решителност и подготвеност за конкретна помош на своите најблиски соседи за целиот процес на борбата против коронавирусот да биде што е можно посупешен.