Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Хрватски превозници со критики: дневниците значително пониски од регионот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
prevoznici

Хрватската асоцијација на работодавачи (ХУП) предупредува дека транспортниот сектор се соочува со сериозни притисоци врз профитабилноста и капацитетите, доколку не се зголеми продуктивноста, не се обезбеди поголема достапност на работна сила и не се намалат регулаторните оптоварувања, пренесува Индекс.хр.

— реклама —

Според анализата, секторот на патниот товарен превоз во последните години минува низ една од најголемите структурни промени, со истовремен раст на трошоците за работа, нестабилност на енергентите и зголемени регулаторни барања, додека европската трговија расте побавно од претходно.

Од ХУП посочуваат дека најголем проблем е недостигот на работна сила, при што во Европа недостигаат речиси половина милион професионални возачи.

— реклама —

Како посебен проблем се наведува неконкурентниот систем на дневници. Во Хрватска дневницата за теренска работа изнесува околу 30 евра и не е променета од 2019 година, додека во Босна и Херцеговина е околу 50 евра, во Словенија 80 евра, а во Австрија достигнува и 90 евра.

— реклама —

Од ХУП оценуваат дека ваквиот јаз ја намалува привлечноста на домашниот пазар на труд и ги зголемува трошоците за работодавачите, кои разликите ги покриваат преку зголемување на бруто платите.

Во анализата се наведува и дека новите европски регулативи, меѓу кои и пакетот „Мобилити пакет“, значително ја усложнуваат работата на превозниците и ги зголемуваат административните трошоци.

— реклама —

ХУП заклучува дека без структурни реформи и подобрување на продуктивноста, конкурентноста на хрватскиот транспортен сектор ќе продолжи да слабее.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeimfhsi09t6kePr6fOG

Хрватски психијатар за смртта на Периш: Во 21 век сè повеќе ни недостига здрав разум

Балкан | пред 1 час

— реклама —
media-library0dab39acoj3a7tjJLSn

(Видео) Бура и снег создадоа хаос во Хрватска: А1 затворен, на А6 возила заглавени во снег

Настани | пред 2 часа

evra

Просечната нето-плата во Загреб пораснала за 8,1 отсто за една година

Балкан | пред 4 часа

Hrvatska-policija

Експлозија во центарот на Загреб, во близина на музеј пронајдено тело

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања