ФБ статус, Ве молам барем прочитајте го постот и СПОДЕЛЕТЕ, пишува на почетокот на објавата, а потоа е објаснета приказната за чичко Енвер Идриз.
-Ова е чичко Енвер Идриз. Си ставил и друго име, Борче Каранфиловски, за да ги избегнува предрасудите и "полесно" да поминува, како што кажува самиот. Не му врши многу работа ни тоа.
Чичко Енвер е бездомник. Моментално е сместен пред Кипер маркет во Ѓорче Петров, пред амбулантата. Благодарност до вработените што не го бркаат.
Понудено му е, од страна на општински лица, сместување во прифатилиштата, но не сака да оди, често бил тепан во обид да му се одземе "сиротињата" (паричките што ќе му ги дадат пар луѓе). Не проси, само мирно седи, ако му дадеш нешто е преблагодарен. Ако не, не замара.
Има кила околу препони големи колку фудбалска топка 😕 Венко Филипче, long shot, ама да пробаме...
Цел е со паметот. Го знам од пред неколку години, но поради мигрирање, го немав видено некое време. Сега го гледам секој ден по неколку пати.
Знам дека е криза и најлошо време. Но, него му е цел живот криза. Сѐ што сакам е да му најдеме едно дуќанче, собче, катче, барем да презими. И да се најде начин за отстранување на килата. Студовите почнаа, ќе станува полошо.
Ова е шанса и за некој кој има празен простор, сув, со тоалет, да извади некој ситен денар во кризава.Тоа просторче, да ни го даде за минимална некоја надокнада, некоја разумна сума од максимум 100 месечно, да може да собереме 500 евра, за 5 месеци престој.
А ние сите да пробаме да собереме и некоја паричка и за сметки, барем за струја, барем за до март.
Со малку можеме да направиме многу. Да почнеме од тука. После ќе видиме дали треба кревет, телевизор, греалица..
Сите кои имате просторче, пожелно во тој реон, но не е ни толку важно, сте на добра волја или било како можете да помогнете, пишете ми инбокс.
*Сметка за донации:
- 270 7000500071.35 Халк Банка
Внесете шифра 930 (останати плаќања)
Назнака "за чичко Енвер".
Оваа е моја приватна сметка, која не ја користам, ќе објавам извод од банката за целиот тек на финансиите.
Ве молам и СПОДЕЛЕТЕ! Искрено се надевам дека ќе стигне до некоја институција, функција, човек пред сѐ, и ќе успее да му се помогне.
