Песната „Вечниот Бог“, утре ќе ечи низ државава. Најмладите во повеќе градови низ земјава ќе бидат дел од Бадникови поворки. Се предвидува да учествуваат над 10 илјади деца.
Недела, 6-ти Јануари, од 11 часот, Македонија ќе биде домаќин на најголемиот Божикен настан во регионот, на кој се очекува учество на околу 10 илјади деца од целата земја.
„Во Скопје, на плоштадот пред Црквата Св.Димитриј, ќе се одржува голема Божикна манифестација со Божикен концерт и Божикна претстава на кои што ќе им претходи топол дочек на коледарчињата преку Камениот мост со бесплатни Бадникови чајчиња и колачиња за секое дете.
Во исто време, Бадникови поворки на радоста, во кои децата на свечен начин ќе го најавуваат Христовото Раѓање, ќе се одржуваат во уште 34 градови и населени места низ земјата, и тоа: Битола, Охрид, Прилеп, Струга, Тетово, Крушево, Ресен, Кичево, Радовиш, Велес, Штип, Струмица, Гевгелија, Валандово, Кавадарци, Куманово, Гостивар, Пробиштип, Свети Николе, Кривогаштани, Демир Капија, Неготино, Богданци, Вратница, Виница, Кочани, Делчево, Дебар, Ростуше, Велгошти, Брвеница, Беловиште, Старо село и Рогачево.
Учесниците во Божиќните поворки носат и ѕвезди што ја симобилизираат ѕзвездата која ги водела тројцата мудреци до местото каде бил роден Исус.. Пештерата пак го претставува Рожденството христово..