Три силни земјотреси ја погодија Грција. Потресите биле симни, од кои најголемиот бил со јачина 5.5 степени според Рихтеровата скала и се случил во 21:44 минути. Следниот, бил по една минута, односно во 21:45 минути со јачина од 3.5 степени.
Третиот, со јачина од 4.2 степени според Рихтеровата скала бил по три минути во 21:48 минути. Ова го покажуваат првичните информации од ЕМСЦ.
Силниот земјотрес кој беше почувствуван во Македонија предизвика паника меѓу скопјани. Голем дел од нив кои живеат во станови, велат дека потресот траел скоро 30 секунди.