„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

За чувањето на прислушувањето на Мијалков во фиока, Беџети казнет со 20% од плата следните шест месеци

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2022-12-26-at-15.38.43

Судскиот совет го казни апелациониот судија Енвер Беџети, кратејќи му шест месеци, по 20 отсто од платата, откако членовите утврдија дека девет месеци го чувал во фиока предметот за прислушувањето „Таргет-тврдина“, кој сега е застарен со измените на Кривичен законик. Иако ова е одлучено, сепак, решението не е се уште правосилно. На овој судија, јавноста не му го знае ниту ликот.

— реклама —

„По едно барање за судија на апелационен суд изречена му е дисциплинска мерка намалување на платата од 20% од месечната плата на судија во траење од 6 месеци“, стои во одлуките на Судски совет донесени на денешната седница.

Ваквата одлука доаѓа откако Судски совет утврди дека судијата Беџети неоправдано го чувал предметот во фиока, додека Апелација решавала поново дојдени предмети. Тања Чачарова-Илиевска, еден од членовите на Судскиот совет кој го испитуваше постапувањето на судиите, кажа дека нема оправдување што девет месеци не била донесена одлуката од страна на Апелација.

— реклама —

Беџети пак, во ек на овој скандал, сакаше да стане и Врховен суд, но желбата остана само желба. Во портфолиото на судијата Беџети, кој е известител и за други големи предмети, стои дека Правен факултет завршил во Приштина. Работното искуство го започнал како секретар во Општина Боговиње, па бил управител на приватна фирма. Секретар бил и во Тетовскиот универзитет, па од адвокатските запловил во судските води. Првпат, судија станал во Кривичниот суд во Скопје во 2010 година. Две години подоцна бил избран за судија во скопска Апелација каде постапувал по граѓански предмети, а потоа и по кривични како што е предметот каде со негов глас беше ослободен Мијалков.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања