Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

За дрогата прашајте го Заев, Филипче има директна комуникација со него, вели ВМРО-ДПМНЕ за СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-librarytd89qso8222p1uMqAoD

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на соопштението на СДСМ поврзано со заплената на дрога во Србија, оценувајќи дека обидите на опозициската партија да отвори прашања за овој случај се лицемерни и насочени кон дефокусирање на јавноста.

— реклама —

Од владејачката партија посочуваат дека СДСМ, наместо да поставува прашања кон институциите, одговорите треба да ги побара кај, како што наведуваат, „познатиот сопственик на фабрика за марихуана“ и поранешен премиер Зоран Заев. Во реакцијата се додава дека не е важно дали Заев се наоѓа во Струмица или, како што тврдат од ВМРО-ДПМНЕ, престојува во Дубаи.

„СДС прашуваат како поминала дрогата. Одговорите на овие прашања нека ги постават кај Зоран Заев“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека токму во периодот на владеење на СДСМ биле донесени одлуки и законски решенија поврзани со одгледувањето и производството на канабис.

— реклама —

Во реакцијата, од ВМРО-ДПМНЕ дополнително тврдат дека постои директна поврзаност меѓу Заев и актуелното раководство на СДСМ, посочувајќи дека Венко Филипче, како што велат, има директен контакт со поранешниот премиер.

— реклама —

Партијата нагласува дека СДСМ нема кредибилитет да зборува за борба против криминал и дрога, обвинувајќи ја опозицијата дека токму во нивно време биле создадени, како што велат, услови за ширење на канабис-индустријата и за сомнителни бизниси поврзани со неа.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека институциите ќе постапуваат согласно закон и дека, според нив, јавноста треба да добие одговори од оние кои, како што тврдат, се директно поврзани со ваквите појави.

— реклама —
media-librarytd89qso8222p1uMqAoD

Картелски скандал без преседан – како 5 тона дрога поминале преку Македонија кон Србија?, прашува СДСМ

Опозициската СДСМ обвини дека заплената на околу пет тони дрога во соседна Србија, за која се наведува дека потекнува од Македонија, претставува еден од најголемите картелски скандали во регионот и побара итна и целосна одговорност од надлежните институции.Од партијата посочуваат дека меѓу уапсените лица има и косопственик на македонска фирма, што, според нив, дополнително ја засилува сериозноста на случајот. СДСМ прашува како е можно толкава количина наркотична дрога да ја мине македонската гра

Македонија | пред 9 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања