Промени тема
Контакт

За две години ќе реализираме најголем дел од програмата, вели Ѓорѓиевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
orce31012022

- Влегувам со јасен концепт, визија и мисија како да ги реализирам проектите за кои јас се обврзав во мојата програма да ги реализирам за граѓаните. Што се однесува до фактичката состојба која ја наследив и сега работиме на начинот да излеземе од таа би рекол, финансиска криза која ја имаме и јас како градоначалник и администрацијата но и сите граѓани, е дека ние должиме 3 милиони евра, што вака е од поимпозантните долгови во Република Македонија во однос на локални самоуправи и тоа еден и пол милион евра должиме на Светската банка за кредит, а другиот еден и пол се сите оние тековни трошоци кои со години не се плаќани. Имало одредени фирми кои биле фаворизирани, за нив се вршеле цели исплати, ви за ви нив има фирми кои сѐ уште имаат долгови од 2016, 2017 итн. Да сумирам, ние касата ја наследивме со 20 милиони денари од кои што 11 милиони денари одат на плати, а можете да замислите што останува за сите оние тековни обврски или пак за нови проекти. - рече градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски во своето гостување во емисијата „Што не е јасно?” на телевизија Алфа.

— реклама —

Тој додаде дека со самото креирање на новиот развоен буџет ги скратиле непродуктивните трошоци смета дека може да се излезе од таа црна финансиска дупка во која општината се наоѓа и да се испорачаат резултати кои на граѓаните од Кисела Вода им фалат 30 години во современа Република Македонија.

— реклама —
— реклама —

- По распишувањето и завршувањето на тендерските постапки започнуваме со реализација на 70% од програмата за која јас сум се обврзал да ја реализирам пред граѓаните на Кисела Вода за локалните избори. Согласно тие текови, ние за две години, со Господ напред планираме да реализираме најголем дел од програмата, односно крупните проекти. За мене не е реализација на проект да сечете лента на уличка од 20-30 метри или две нови паркинг места, како што било пракса во изминатиот период, јас зборувам за сите проекти кои се вметнати во програмата, од најситни до најголеми кои имаат сериозни финансиски импликации и поради кои граѓаните на Кисела Вода со недостатокот на тие проекти се чувствувале како граѓани од втор ред. Токму тоа за мене беше силна мотивација, а мотивацијата кај мене не се губи да до крај се изборам да го подигнам нивото на живот на моите сограѓани затоа што тие плаќаат даноци и го заслужуваат сето она што можеби во другите општини го имало, а кај нас го нема. – кажа Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања