„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

За две недели истекува рокот за регистрација во системот на УЈП

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
ujp

Наближува крајниот рок за регистрација на системот е-Персонален данок (31 Декември).

— реклама —

Граѓаните кои досега не ја исполниле својата обврска и не се регистрирале на е-пдд системот, Управата за јавни приходи потсетува дека покрај шалтерите лоцирани во Регионалната дирекција Скопје, отворени се и дополнителни шалтери лоцирани во:

општина Ѓорче Петров – во зградата на урбаната заедница Ѓорче Петров (кај полициската станица) и општина Аеродром – во општинската зграда на втори кат.

— реклама —

Канцелариите на УЈП во овие две општини се отворени секој работен ден до 31.12.2018 година со работно време од 08.00 до 18.00 часот

во општина Кисела Вода – барака број 4, општина Гази Баба – барака за едношалтерски систем (поранешен даночен шалтер на УЈП) и  општина Чаир.

Даночните шалтери во овие три општини се отворени секој работен ден до 31 Декември со работно време од 08.00 до 16.00 часот.

Ве известуваме дека и Регионални дирекции на УЈП во Скопје, Штип, Тетово и Битола работат од 07.00 ч. до 21. 30 ч. Со истото работно време ќе работат и во наредниот период, освен 31 Декември 2018 година, кога ќе бидат отворени до 16.30 часот.

Регионалните дирекции ќе бидат отворени за граѓаните и во последните две саботи од месецот, односно на 22.12.2018 и 29.12. 2018 со работно време од 08.00 до 14.00 часот.

На следниот линк е и распоредот на вонредниот возен ред на “Мобилен даночен шалтер” којшто ги посетува населените места во Скопје каде Управата за јавни приходи нема постојани даночни канцеларии.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања