Во текот на изминатиот ден (08.05.) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 13 сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а 10 лица поминале со телесни повреди.
Во рамки на преземените мерки и активности во делот на безбедноста во сообраќајот констатирано е дека седум возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Потоа, од сообраќај се исклучени 11 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило.
Петмина возачи се санкционирани поради минување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, тројца - поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување, четири возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, еден возач поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 10 возачи - поради користење на мобилен телефон при управување со возило.
Исто така, од сообраќај се исклучени и 10 возила бидејќи биле нерегистрирани. Во однос на пешаците, пак, санкционирани се осум пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и двајца пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се и 74 мандатни платни налози и 67 возила се подигнати со специјално возило „пајак".