Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

За еден мандат со нови куќи се стекнаа Шилегов, Филипче, Царовска и Шекеринска, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
14092021_106-ta_sednica_na_vladata_6

„За еден мандат со нови куќи се стекнаа Шилегов, Филипче, Царовска и Шекеринска и ниту една не е со ПУР пена“, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат: „Петре Шилегов за еден мандат со градоначалничка плата од илјада евра успеа да направи луксузна хациенда во Маврово и да изврши доградба на зграда во Тафталиџе.

— реклама —

Венко Филипче како министер со министерска плата гради куќа на ултра луксузна локација на Водно од неколку ката на големо дворно земјиште.

— реклама —

Од функција со луксузна куќа се поднови и Мила Царовска која изгради хациенда на Осогово.

— реклама —

Шекеринска својот имот го зголеми со нова куќа, резиденција во центарот на Скопје.

Луксузни куќи и станови во ек на мандат земаа и Костадин Костадинов и други функционери од власта.

Додека народот едвај врзува крај си крај врвот на власта трупа имот тежок милиони.

Време е да ставиме крај на политичарите печалбари“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања