Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

За една година ќе биде пуштен дел од автопатот Кичево Охрид, вели Анѓушев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
20160610145505-1024x502

Недостиг на финансиски средства бил главна причина за застојот на изградбата на патот Кичево-Охрид, кој траел четири години, а сега фокусот е за период не подолг од една година половина од тој пат да биде пуштен во употреба.

Ова го најави вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев во интервју за Сител напоменувајќи дека одобрението за кредиот од Ексим банка го добиле пред два дена.

— реклама —

-За Кичево-Охрид имаше застој не поради неорганизираност или технички проблеми, туку поради недостиг на финансиски средтва. Кредитот со Ексим банка беше истечен на 19 јануари и практично немаше финансиски средства за да се продолжи со работа. Аплициравме во ноември, но одобрението од Ексим до добивме пред два дена и сега ќе се интезивираат работите на патот Кичево-Охрид, особено во делот од Врбјани до Охрид. Ќе гледаме половина од тој пат, кој е со должина од 60-тина километри, односно околу 30 километри да биде пуштен што е можно најбрзо, во период не подолг од една година, истакна Анѓушев.

— реклама —

Тој нагласи дека автопатиштата се надвор од буџетот и се во буџетот на претпријатието за државни патишта. Нагласи дека за патот Миладиновци-Штип перцепцијата е дека нешто се успорило.

— реклама —

-Напротив овој пат се гради четири и пол години. Во првите две беа изградени околу 55 отсто потоа за една и пол година беа изградени 45 отсто и тој е пуштен за употреба, додаде Анѓушев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања