За едни Среќен 8 март, за други ден како секој друг - Има ли излез од тунелот?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
8-mi-mart-1

8 март, многу жени добиваат подароци, цвеќиња, ќе слават по кафани, но дали сите жени го празнуваат денот исто?

— реклама —

Чувство на срам, вина, ниска самопочит и самодоверба. Страв за својот живот и животот на своите деца. Насилството врз жената за жал сеуште има и тоа во големи размери. Тоа се манифестира во различни форми. Често, тоа е физичко насилство, но во многу случаи станува збор  груби коментари, љубомора, психолошка агресија, закани  и навреди. Психичкото насилство е познато и како емоционално насилство чија главна карактеристика е тоа што ја нарушува благосостојбата на едно лице. Тоа води кон сериозно емоционално нарушување на психичкото здравје на жртвата.

Психолозите се категорични дека психичкото насилство многу потешко се препознава за разлика од физичкото.

— реклама —

За жал многу малку жени се одлучуваат да проговорат јавно за психичкото насилство, поготово во Македонија. Според нив, ова е мала земја, каде не смее јавно да се зборува. Затоа што ако кажат вината се насочува кон нив, и наместо закрила добиваат прст вперен кон нив дека се виновни за таквиот однос.

Другата причина која е многи значајна, тоа е социјалниот момент. Со ниска или никава плата, каде да се оди велат одредени жени кои со години трпат тортура само поради своите деца.

Институциите охрабруваат постојано, кажете, не молчите. Јавно проговорите... Но, што прават  институциите за да им помогнат на овие жени?

Едно е сигурно не ги слушајте ветувањата дека насилството ќе престане. Вие и вашите деца заслужувате да се чувствувате сигурно и безбедно од секаков вид на насилство.Побарајте помош. Секогаш има излез  од тунелот.

Најновото истражување на ОБСЕ покажува дека 70 отсто жени во земјите на Западен Балкан, Молдавија и Украина доживеале некаков вид насилство. ОБСЕ на конференција во Брисел ги презентира наодите од истражувањето за безбедноста на жените спроведено во 2018 година во Северна Македонија, Албанија, Црна Гора, Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Молдавија, Украина и Косово.

Околу 16 милиони жени на таа територија се погодени од некоков вид на насилство од својата 15-та година. Ова се неприфатливи факти, како од човечки аспект, така и од аспект на безбедноста и стабилноста, но и од економски и социјален статус на општеството, истакна генералниот секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер.

Истражувањето на ОБСЕ укажува на фактот дека 60 отсто од 15.000 испитани жени биле психички злоставувани од партнерот, а 45 отсто од нив биле предмет на сексуално вознемирување.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања