Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

За едно деноноќие приведени 24 возачи, меѓу нив четворица малолетници без дозвола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
policija-policaec

Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода 24 возачи поради безобѕирно управување со моторни возила, информира Министерството за внатрешни работи.

Од нив, 17 лица управувале возила без возачка дозвола, а меѓу нив имало и четворица малолетници. Двајца од возачите кои немале возачка дозвола биле затекнати и под дејство на алкохол.

— реклама —

Приведени биле четири лица во Прилеп, меѓу кои и еден малолетник, две лица во Битола, три во Скопје и по едно лице во тетовско, Тетово, Гостивар, Кавадарци, Неготино, Штип, Кочани и Гевгелија. Малолетници биле затекнати и во Тетово, Гостивар и Неготино.

— реклама —

Еден од возачите во Скопје, како и возачот во Штип, покрај тоа што немале возачка дозвола, управувале возило и под дејство на алкохол.

Дополнително, поради управување возило и покрај изречена забрана, биле приведени по едно лице во Гостивар и во прилепско.

— реклама —

Под дејство на алкохол биле затекнати уште двајца возачи во Прилеп и по еден во Крива Паланка, Битола и Гевгелија.

— реклама —

Од МВР најавуваат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол, и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, соопшти МВР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 2 часа

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 2 часа

media-libraryqmbje9jkqs4cbXeHqrQ

Двајца мажи тешко повредени со остар предмет при обид да разделат тепачка во казино во Тетово

Македонија | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања