ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

сообраќај

media-library6hee4e921dddd4kJRh7

Внимание во сообраќајот: Снег, одрони и привремени забрани на повеќе патни правци

Поради влошените временски услови и актуелни настани во регионот, од утрово се воведени повеќе ограничувања во сообраќајот на државните патишта и на граничните премини.Од 05:15 часот, поради врнежи од снег, воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан. Забраната важи до подобрување на условите и стабилизирање на состојбата на коловозот.Дополнително, поради протест на грчките земјоделци, од денеска, 8 јануари 2026 година, од 10:00 часот, на граничниот премин Ники (Меџитлија) е воведена целосна забрана за движење на товарни возила. Ограничувањето ќе трае во наредните 48 часа, односно до 10 јануари 2026 година во 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила на овој граничен премин се одвива непречено и со нормален тек.Сообраќајот на државните патишта низ земјава се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Куманово, Страцин, Крушево и Железнец, како и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека. Во моментов, снежните врнежи не претставуваат сериозна пречка за одвивање на сообраќајот, но се препорачува зголемена внимателност.Поради обилните врнежи од дожд и зачестената појава на одрони, на патните правци Делчево – Македонска Каменица – Истибања и Делчево – Пехчево, на учесниците во сообраќајот им се препорачува крајно внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината според условите на патот.На патниот правец Македонска Каменица – рудник Саса, поради одрон, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од околу 200 метри.На магистралниот пат А3 Битола – Ресен, на самиот влез во градот Ресен, поради обилни врнежи од дожд и можно излевање на Голема Река, возачите се повикуваат на особена внимателност. Исто така, зголемено внимание се препорачува и на регионалниот пат Р1307 Царев Двор – Стење, каде постои ризик од излевање на локалните реки поради врнежите.Надлежните служби апелираат до возачите да ја следат состојбата на патиштата, да ја прилагодат брзината и да ги почитуваат воведените ограничувања со цел безбедно одвивање на сообраќајот.

Македонија | пред 6 дена

media-library2sm50ffghiag8nQGECp

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради Бадниковите поворки

Утре, 6 јануари 2026 година, по повод големиот христијански празник Бадник, на подрачјето на град Скопје ќе се одржи „Бадникова манифестација“ во рамки на традиционалните „Бадникови поворки“.Според најавата, поворката ќе се движи по траса што започнува пред општинската зграда на Општина Кисела Вода, по улицата „Борис Трајковски“, потоа лево по булеварот „Македонија“, во продолжение по улицата „Св. Кирил и Методиј“ до Музејот на Град Скопје. Од таму, поворката ќе продолжи по улицата „Македонија“ сè до плоштадот „Македонија“, каде ќе се одржи централната манифестација.Поради настанот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот и воведување посебен режим на сообраќај на улиците по кои ќе се движат Бадниковите поворки, како и во близина на верските објекти.Од СВР Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на манифестацијата.

Скопје | пред 1 седмица

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-42-4450PM

Во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – ГП Деве Баир

Од рано утрово сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка – ГП Деве Баир е во прекин поради одрон.На автопатот Скопје – Велес на неколку места се забележани помали одрони на патот, меѓутоа автопатот е прооден и Македонија Пат работи на санирање на истите.Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.

Македонија | пред 1 месец

media-library2ki2k3thkj8bdKwrubD

Поради Задушница, денес и во недела посебен режим на сообраќај во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека на први и втори ноември (сабота и недела), поради верскиот празник Задушница, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.Со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градски гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробишта Бутел, а за излез од гробишта, десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и на гробишта Камник, Драчево и Ѓорче Петров.

Скопје | пред 2 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-42-4450PM

Сообраќајот по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен.На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност за појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Македонија | пред 2 месеци

DSC_0422

Слушалки и телефони забранети во сообраќај – казните стартуваат денес

Вчера официјално стапија на сила законските измени за побезбеден сообраќај. Со нив се забранува користење слушалки и зборување на мобилен телефон со цел пешаците, велосипедистите и возачите на електрични тротинети да бидат максимално сконцентрирани на патот.Според новите правила, казната за преминување пешачки премин со телефон во рака или на уво изнесува 40 евра. За возење тротинет, мотор или трактор со користење електронски уред, глобата е 50 евра.Иако мерките веќе важат, вчера на улиците во Скопје и другите градови сообраќајната полиција не изрекуваше парични казни, туку само ги опоменуваше и информираше граѓаните за новините во законот.Најчести прекршувања беа пешаци кои минуваа на пешачки премин со слушалки во уши, како и возачи на велосипеди и електрични тротинети со телефон во рака.

Скопје | пред 3 месеци

snimk2.01_31_24_05.Still005

(Видео) Сѐ почесто, тротинетите се меѓу автомобилите, иако ова е строго казниво

Возачот на електричен тротинет е должен да го управува возилото по велосипедска патека или велосипедска лента, а доколку истите не се изградени, по пешачка патека, односно друга површина наменета за движење на пешаци, се пропишува во Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата. Но ако излеземе на скопските улици, ќе видиме дека не секогаш е така. Дури, тротинетите не се возат на самиот раб од коловозот, туку по средните линии, меѓу Автомобилите. Инаку за вакво возење, предвидени глоби од 80 до 120 евра.Ако двајца или повеќе возачи на електричен тротинет се движат во група, се пропишува во измените,  тие се должни да се движат еден зад друг.Ако на патот постои посебно уредена велосипедска патека, велосипедска лента, тротоар или пешачка патека, возачот на електричен тротинет е должен да го управува возилото по десната велосипедска патека, велосипедска лента, тротоар или пешачка патека во однос на правецот на движењето на сообраќајот.На велосипедска патека, велосипедска лента, тротоар или пешачка патека, уредени и обележани за сообраќај на електрични тротинети во двете насоки, тие се движат по десната страна во правецот на движењето на возилата.

Скопје | пред 9 месеци

zaglaveno-vozilo-vodno

(Фото) Патот меѓу Пантелејмон и Средно Водно не е безбеден за движење поради голомразица, утрово повеќе возила заглавија во снегот

Општина Карпош извести дека патот меѓу Пантелејмон и Средно Водно во моментот не е безбеден за движење со моторно возило и апелира истиот да не се користи поради голомразица. Утрово на овој потег беа регистрирани повеќе возила заглавени во снегот.„Надлежен за одржување на овој пат е ЈП „Македонија пат“, но за жал до сега по трасата ниту е фрлено сол, ниту е поминато со било какво возило за расчистување на снегот.Патот во моментот е безбеден само за пешачење и секое тргнување по истиот со возило е на ризик на возачот на возилото“, соопшти општина Карпош.

Скопје | пред 11 месец

Screenshot-2024-09-02-at-08.29.55

Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје

СВР Скопје ја информира јавноста дека поради одржување на протест, денеска со почеток од 14.00 часот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот кај крстосницата помеѓу бул.„Никола Карев“ и ул.„Прохор Пчињски“ во Скопје.Исто така, со почеток од 16.00 часот, поради одржување на протестен марш, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај. Имено, трасата на движење на маршот ќе се одвива од пред Министерството за животна средина на ул.„Филип Втори Македонски“, кон Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, десно по ул.„Васил Главинов“ и право по бул.„ВМРО“ до пред Влада на РСМ на бул.„Илинден“.СВР Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Скопје | пред 1 година

magla

Намалена видливост поради магла на Стража

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 80 до 100 метри има на планинскиот превој Стража.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Македонија | пред 1 година

RSBSP_02

Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска со почеток во 16.00 часот, поради одржување на меѓународна ноќна атлетска трка „13 Ноември“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.Настанот ќе се одвива со следната траса на движење: од Порта „Македонија“, преку плоштад „Македонија“, по ул.„Никола Вапцаров“, десно по ул.„Димитрие Чуповски“, до крстосница со ул.„Даме Груев“, полукружно назад по истата улица, во продолжение по ул.„11-ти Октомври“ до крстосница со бул.„Кочо Рацин“, полукружно назад по истата улица, десно по ул.„Филип Втори Македонски“, лево по пристапната улица на ГТЦ и десно до целта кај Порта „Македонија“ во Скопје.СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Скопје | пред 1 година

magla

Магла на планинскиот превој Ѓавато и на Пресека

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни влажни коловози на повисоките и претежно суви коловози на пониските места. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Ѓавато и до 100 метри на планинскиот превој Пресека.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Македонија | пред 1 година

20180506_040611-1

Посебен режим на сообраќај во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска поради одржување на меѓународен фудбалски натпревар со почеток во 20.45 часот на арената „Тодор Проевски“ во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на улиците околу арената.СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Скопје | пред 1 година

54a8ff4e-c248-4646-bfb8-58acb0765237-odron-718x446-1

Одрони на патот пред Делчево, сообраќајот се одвива по една лента

Од 09.40 часот на 2 километри пред Делчево, поради одрони на патот, сообраќајот се одвива по една лента, наизменично, извести АМСМ.

Македонија | пред 1 година

magla

Намалена видливост поради магла на планинскиот премин Плетвар

Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 70м. има на планински премин Плетвар, извести АМСМ.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања